Комо живее вистинска романса: Го доведоа Белоти, а сега доаѓа стопер на Манчестер Јунајтед!

од Vladimir Zorba
47 прегледи

Екипата на Комo оваа сезона влезе во Серија А и се чини дека е повеќе од решена да остане таму, бидејќи е на прагот да доведе уште едно прилично бомбастично засилување во форма на Рафаел Варан!

Комо веќе направи еден сериозен трансфер, бидејќи во своите редови го доведоа Андреа Белоти, но се чини дека нема да застанат тука.

Французинот кој настапува за Манчестер Јунајтед пристигна во Италија каде треба да разговара со раководството на Комо и Цеск Фабрегас за да се договорат сите услови.

Без сомнение, ова би било огромно засилување за новоформираниот италијански прволигаш.

Слични содржини