Комора на извршители: Осуда за попречувањето на извршувањето спроведено од извршителката Јакимовска од Гостивар

Потсетуваме дека попречувањето при вршење на службата на извршителот е кривично дело, за кое МВР и обвинителството имаат обврска да постапуваат по службена должност.

од Бети Божиноска
255 прегледи

Комората на извршители на Република Северна Македонија најостро го осудува попречување на спроведување на извршувањето спроведено од извршителката Весна Јакимовска од Гостивар,  се вели во соопштението што го објавија како реакција на настаните од вчера.

Според соопштението, „превземањето на дејствија во домот на должникот се врши почитувајќи ја личноста и достоинството на должникот и неговото семејство па од таа причина јавноста е исклучена од постапките на извршувањето согласно обврската за извршителска тајна“.

Весна Деловска, претседател на Комората на извршители, вели во официјалната реакција од Комората дека “ќе ги искористат сите законски средства за да се побара одговорност за недозволеното и незаконито снимање на дејствијата кои ги презема извршителот со цел реализирање на судска одлука за наплата на долг.“

„Потсетуваме дека попречувањето при вршење на службата на извршителот е кривично дело, за кое МВР и обвинителството имаат обврска да постапуваат по службена должност. Воедно, согласно чл.85 од Законот за извршување извршителот е овластен да го отстрани лицето кое го попречува спроведувањето на извршувањето и да побара асистенција од полиција. Комората на извршители ги повикува надлежните институции за брза и ефикасна истрага се со цел целосно расчистување на случајот и правилно информирање на јавноста,“ се вели во соопштението.

 

 

Слични содржини