Комора на психолози: Го осудуваме секој облик на говор на омраза и родово засновано насилство

Поттикнати од нападот и говорот на омраза насочен кон психолог, професионалец, истакнат хуманитарец, членка на Комората на психолози на Република Македонија, Комората има морална обврска јавно да го осуди овој инцидент, и сите на нему слични на социјалните мрежи, се вели во соопштението на Комората.

од Vladimir Zorba
32 прегледи Фото: Фејсбук

Поттикнати од нападот и говорот на омраза насочен кон психолог, професионалец, истакнат хуманитарец, членка на Комората на психолози на Република Македонија, Комората има морална обврска јавно да го осуди овој инцидент, и сите на нему слични на социјалните мрежи, се вели во соопштението на Комората.

„Комората на психолози најостро го осудува секој облик на говор на омраза и родово засновано насилство, особено кога тие се шират преку интернет и социјалните медиуми. Онлајн просторот треба да биде безбеден и достапен на сите, без страв од закани, понижување, навредување и напади на било која основа.

Укажуваме дека родовото, родителското и професионалното навредување претставуваат сериозен облик на дискриминација и нарушување на основното човеково достоинство. Ваквите појави не само што ја повредуваат личноста, туку создаваат и штетни психосоцијални последици за заедницата во целина.

Апелираме на солидарност со погодените од несреќи, поддршка на жртви и нивна заштита од натамошно насилство. Заедно да создадеме култура на почит, еднаквост и одговорност на секој поединец. Заштитата на достоинството и безбедноста на секој човек е наша заедничка обврска!“, додаваат оттаму.