Претседателот на комората на трговци на Македонија Екрем Долек нема дилема дека во услови кога одредени компании пресметуваат трговски маржи од дури 80% ,неопходно е да се заштитат потрошувачите, но категоричен е дека Законот за заштита на потрошувачите не е решение.
„Во капитализмот постои пазарна економија, а не планска како во време на комунизмот“, вели за „Локално“ Долек.
Владата, според него, требала да превземе времени мерки, но и да го засили капацитетот на институциите кои треба да се борат против монополот, за заштита на конкуренцијата.
Отворено посочува дека експлозијата на цени која овозможува заработка преку грбот на потрошувачите најмногу се случува во ланците на некои од големите маркети потсетувајќи дека, како што вели, ланците на големи маркети во целиот изминат 30 годишен период беа заштитени од страна на државата и беа привилегирани во секој поглед.
„Самата држава го создаде проблемот со монопол на постоечките големи ланци на маркети. Сега е принудена не само да се пресметува со актуелните неморални појави на пресметани маржи од 80%, туку и со прекршување на закони за да може да почне да го применува Законот за заштита на потрошувачите“, вели Долек.
Дециден е дека појави од овој тип не може да се појават на зелените пазари бидејќи таму постои здрава конкуренција, па оттука- каква било експлозија на цени е невозможна.
Kако го коментирате штотуку усвоениот Закон за заштита на потрошувачите, за кој министерот Бектеши изјави дека ќе го подобри квалитетот на живот на потрошувачите?
-Секако дека треба да се заштитат потрошувачите, но мојот став е дека овој начин на постапување е погрешен.Во капитализмот постои пазарна економија, а не планска како во времето на комунизмот. Владата требаше целиот процес да го регулира со други , времени мерки, какви што впрочем превземаше на почетокот, без оглед на тоа колку и да трае нивното времетраење.Според моето досегашно 20 годишно искуство, ефектите од ваквите чекори не се реализираат поред очекувањата.Она што треба да се направи е да се засили капацитетот на постоечките институции.Такви се Организацијата за заштита на потрошувачите,Агенцијата за борба против монопол, Агенција за заштита на конкуренцијата итн. Државата континуирано, низ годините го гради овој систем, но на задскриен начин.Во оваа насока , дури и иницијативата од пред неколку години за фискализација на пазарите имаше единствена цел- нивно затворање биејќи тие станаа конкуренција на ланецот маркети. Во тој период целата државен апарат се стави во функција на заштита на монополските позиции на одредени маркети.Оттука, иницијативата за којашто ме прашувате е добра, но погрешен е начинот.Потребен е стимул на конкуренцијата, како и борба против монополот бидејќи потрошувачот мора да биде заштитен.
Министерот укажа дека на ваков начин се става крај на нечесни трговски практики. Колку за пример, одредени маркети во изминатите недели пресметаа маржи од дури 80% на некои од прехрамбените продукти.Што треба да се превземе во вакви случаи?
-Сигурен сум дека има такви неодговорни компании. Против нив треба да бидат превземени соодветни мерки бидејќи сите ние сме во ситуација која е речиси еднаква на воената состојба и тие се однесуваат како воени профитери.На низок и мизерен начин ги користат сите прилики за да се збогатат. Сметам дека против некои од овие поединци државата треба да покрене и кривични пријави.
Дали на ваков начин државата ги изедначува сите компании и ги прогласува за подеднакво одговорни?
-Веќе споменаав дека доколку зборуваме за концепт, за системско решение, тогаш можеме да кажеме дека кај нас треба да функционира пазарната економија. КАква било поинаква законска интервенција наликува на комунизам. Сепак, во ситуација кога се појавуваат вакви екстремни појави на маржи од 80%, секако дека треба да се примени закон, но само кон оној кој го прекршува важечкиот кодекс. Тука, пред се мислам на моралниот кодекс бидејќи станува збор за искористување на кризата заради лично богатење.
Од претходно кажаното, можеме да констатираме дека вашиот став е дека единствената адреса на која треба да се бараат виновниците за “заработка преку грбот на потрошувачите’’ се ланците на големи маркети?
-Да, ова најмогу се прави во ланците на големите маркети.На ниту еден начин не може да се случи во рамки на пазарите, каде 30% од вкупниот број граѓани се снабдуваат со прехрамбени продукти.Ланците на големи маркети во целиот изминат 30 годишен период беа заштитени од страна на државата и беа привилигерирани во секој поглед
Министерот најави казни за непочитување на законот, кои достигнуваат и 50 до 100.000 евра, но и привремена забрана на дејност. Дали според Вас, тие ќе го постигнат очекуваниот ефект?
-Јас ќе повторам дека оваа мерка не е соодветна, бидејќи треба да се применат поинакви механизми. Да земеме на пример некој кој што вложил огромни суми пари во отворањето ланец маркети.Нерационално е државата да носи наредби за тоа колкави треба да бидат цените по кои тој сопственик треба да ги продава производите. Тука треба да стапи на сила конкуренцијата и борбата против монополските позиции. Самата држава го создаде проблемот со монопол на постоечките големи ланци на маркети. Сега е принудена не само на се пресметува со актуелните неморални појави на пресметани маржи од 80%, туку и со прекршување на закони за да може да почне да го применува Законот за заштита на потрошувачите.
Дали и какви штети трпат пазарите во вкупната ситуација?
-Пазарите не трпат големи штети од ланците маркети како нивна конкуренција.Тие секогаш имаат свежи производи на своите тезги. Она што е особено значајно е фактот дека самите продавачи на пазарите меѓусебно си создаваат конкуренција.На нив влијаат зголемените цени од страна на добавувачите, но поради меѓусебната конкуренција, никогаш не може да се случи ваква експлозија на цени како што деновиве регистрираме низ маркетите.Затоа се прашувам како може едно пакетче макарони од 10-15 денари да се покачи на 69 денари во сите маркети? Зошто доколку тоа се случи во еден ланец маркети, дригиот до него не го продава пефтино?Се согласувате дека многу работи се сомнителни.Од друга страна, пазарџиите се борат да продадат што повеќе, секој на секого му е конкуренција и не дозволуваат енормо покачување на цените.
К.В.С.