Компани: Не го гледам пласманот во ЛШ, не го разбирам овој формат

од Vladimir Zorba
12 прегледи

Тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани беше задоволен од играта на неговиот тим против ПСЖ. Баварскиот тим победи со 1:0 во натпреварот од 5. коло од главната фаза во Лигата на шампионите.

„Се разбира, задоволен сум. Сакавме навивачите да си одат дома среќни и тоа го направивме. Нашиот пресинг во првото полувреме беше многу добар. Можевме да постигнеме уште еден или два гола и тогаш играта ќе беше малку помирна. Генерално, беше добар натпревар од нас“, изјави тренерот на Баерн, Винсент Компани.

„Важно е да ја оствариме нашата цел. Доколку ги добиеме преостанатите натпревари, имаме шанса да влеземе во топ 8“, прокоментира Белгиецот.

Тренерот на Баерн сподели дека се уште не гледа во пласманот во Лигата на шампионите, особено што има нови прописи на турнирот.

„Не гледам на рангирањето бидејќи, да бидам искрен, сè уште не го разбирам овој формат. Ќе биде добро ако победиме уште неколку натпревари“, заклучи Компани.

Слични содржини