Компани нов менаџер на Барнли

од Vladimir Zorba
312 прегледи

Легендарниот дефанзивец и поранешен капитен на Манчестер Сити, Винсент Компани е нов менаџер на Барнли. Белгиецот му се приклучи на Андерлехт, каде што ја започна својата богата кариера во 2019 година. Првично беше играч-тренер, а потоа, во август 2020 година, трајно ја презеде тренерската функција.

Компани минатата сезона го предводеше Андерлехт до третото место и до финалето на Купот на Белгија.

Барнли се раздели со Шон Дајч, кој беше менаџер на тимот 10 години. Привремениот тренер Мајк Џексон ја заврши сезоната, но не успеа да му помогне на тимот да се спаси. Сега целта на Компани е веднаш да го врати Барнли во Премиер лигата.

„Барнли е историски тим во Англија и чест ми е што сум назначен за негов менаџер. Возбуден сум поради овој предизвик. Импресиониран сум од визијата во клубот, која е во склад со мојата. Со нетрпение очекувам да ја одиграм мојата улога во оваа важна сезона“, изјави Компани на веб-страницата на Барнли.

Слични содржини