Компани: Време е да го промениме нашиот менталитет

од Vladimir Zorba
17 прегледи

Баерн Минхен ќе мора да го промени менталитетот за да се пласира во нокаут фазата од Лигата на шампионите, изјави тренерот на германскиот тим Винсент Компани по победата на домашен терен над Слован Братислава во последниот натпревар од главната фаза на турнирот.

Екипата на Баерн пропушти автоматски пласман во осминафиналето и во плејофот од Лигата на шампионите и ќе се соочи со Селтик или Манчестер Сити.

„Сега треба да ја вратиме таа енергија за да бидеме на ниво за следните натпревари. Манчестер Сити, како и Селтик, со добро чувство влегуваат во овие директни елиминациски натпревари и треба да бидеме подготвени за тоа“, изјави Компани.

„Треба да ја изградиме нашата енергија. Треба да го промениме нашиот менталитет и да се радуваме на овие големи натпревари. Стигнавме до фазата на турнирот каде што не очекуваат навистина големи натпревари“, додаде тренерот на Баерн Минхен.

„И покрај победата, радоста не е иста. Немавме голема контрола врз ситуацијата“, додаде Компани, повторувајќи: „Време е да го промениме нашиот менталитет за да бидеме целосно полни со енергија за овие средби“.

Слични содржини