Компани за критиките на Хенес за трансферите на Баерн: „Тоа не е моја работа“

од Vladimir Zorba
87 прегледи

Тренерот на Баерн, Винсент Компани го сподели своето мислење за критиките на почесниот претседател на клубот Ули Хенес. Менаџерот претходно ја критикуваше трансфер кампањата на Баварците.

„Купувањето и продавањето играчи не е моја работа. Јас сум врската меѓу играчите, така што нема што да се каже. Можете да одржите прес-конференција со директорите на Баерн – Еберле и Фројнд.

Нема да одржам прес-конференција за да одговорам на зборовите на Ули Хонес, иако го почитувам. Вечеравме со него и тој ми објасни што го прави Баерн успешен. Тие секогаш одат напред, дури и по освојувањето на титулите“, изјави Компани, цитиран од Билд.

На 1 јули, Компани потпиша тригодишен договор со Баерн.

Слични содржини