Компаниите ја мобилизираат механизацијата за изградбата на пругата кон Бугарија

од Nikola Popovski
229 прегледи

Mинистерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска информираше до каде е изградбата на долгонајавуваната пруга со Република Бугарија.

-Знаете дека веќе избравме изведувачи за три делници. Првата делница е Куманово-Бељаковце, втората е Бељаковце-Крива Паланка и третата е на коридорот 10, реконструкција и рехабилитација на пругата Ногаевци-Неготино. Важно е дека компаниите што се избрани ја мобилизираат својата механизација и стручните тимови за да веќе почнат во реализација. Најавивме дека оваа есен, заедно со граѓаните и медиумите ќе бидеме на терен за да направиме увид во почетокот на работите на најголемиот инфраструктурен проект во железницата од независноста на земјата, преку инвестиција над 200 милиони евра. Важно е за коридорот 8 и бизнис секторот- да им помогнеме на компаниите преку алтернатива преку железничка линија, како најисправен модел на превоз на тешкиот товарен транспорт. Во овој аспект сакам да потенцирам дека наскоро ќе бидеме на терен и ќе влеземе во реализација со механизација, рече Бочварски.

Слични содржини