Компаниите „загреани“ за повеќе кредити за да ја надминат кризата

од Stefanija Kuzmanovska

Кредитирање на компаниите во еврозоната забележа силен раст во септември, покажаа податоците на Европската централна банка (ЕЦБ). Компаниите се плашат за својата ликвидност и се подготвуваат за вториот бран од пандемијата.

Порастот на кредитирањето во септември е зголемено за 7,1% во однос на истиот период лани, што беше случај и во претходните три месеци.

Најсилен пораст на кредитирањето, во услови на пандемија, имаше во мај, кога растот достигна 7,3%.

Бидејќи целокупната економска активност во земјите членки на еврозоната е намалена, како превенција од ширење на заразата, голем дел од компаниите користат кризни кредитни линии и поволни кредити од ЕЦБ.

Слични содржини