Компанијата која ги одобрила безбедносните тестови за модуларната болница ќе биде дел од истрагата

од Nikola Popovski

Во однос на менаџирањето со болницата, во делот на системот за гасење на пожари, ќе почекаме резултат од истрагата, изјави денеска министерот Венко Филипче.

Тој најави дека и компанијата која ги одобрила безбедносните тестови за модуларната болница ќе биде дел од истрагата.

„Болницата е дадена целосно средена, без никакви недостатоци. Тоа е согласно процедурата. Сите овие ставки ги има тука во документацијата, но треба да почекаме на институциите. Доколку дозволат, ние може и да го споделиме тоа, но мислам дека зошто сега ќе бидат дел од истрагата, јавно не ќе смееме да ги соопштуваме овие работи“, истакна Филипче.

Во однос на тоа дали модуларните болници се безбедни, министерот тврди дека се.

Слични содржини