Комплексот спроти „Холидеј ин“: Ќе има 400 станови, 1000 паркинг места, не е предвидено училиште

од Nikola Popovski

На денешната прес-конференција на компанијата „МГ Фешн“, која е инвеститор на висококатниците на парцелата спроти „Холидеј ин“, кој што ќе вика објект „Гранд“, беше истакнато дека во трите предвидени згради ќе има 400 станови, локали и канцеларии, односно 1250 жители.

„Ќе има 1000 паркинг места, 6520 метри квадратни ќе бидат зелена површина, а површината на градба ќе биде 13 654 м2. Во ДУП-от пишува дека влезот е од улица 2, а на кејот ќе има излез. Паркингот ќе биде во рамките на градежната парцела, а имаме можност да паркираме и во катната гаража спроти“, изјави архитектот Мартин Пановски.

Во поглед на тоа дали ќе има градинка или училиште, согласно ДУП-от, од компанијата изјавија дека не е превидено, но може да се отвори посебна градинка во деловен простор.

Слични содржини