„Комуналец“ отстрани дива депонија на „Пластичарска“

од Nikola Popovski
42 прегледи

ЈП „Комунална хигиена-Скопје“ информира дека нивни екипи во текот на минатата ноќ реализирале акција за отстранување обемна дива депонија лоцирана на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица), на аголот со улицата Максут Садик, во непосредна близина на Амбасадата на САД.

Во рамките на акцијата се подигнати и транспортирани приближно 40 кубни метри непрописно одложен претежно кабаст, градежен и мешан комунален отпад. По отстранувањето на дивата депонија, било спроведено и рачно миење на микролокацијата. Активностите се реализирале во соработка со ЈП „Улици и патишта“ и ЈП „Паркови и зеленило“.

-Посочениот реон претставува „црна точка“ каде што е забележано континуирано непрописно одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини. Во претстојниот период, Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје ќе спроведе зачестен патролен надзор на оваа микролокација, стои во соопштението на скопски „Комуналец“.

Слични содржини