„Комунална хигиена“ има нов директор

од Nikola Popovski
372 прегледи

Град Скопје информира дека е поставен нов в.д. директор на ЈП „Комунална хигиена-Скопје“. Според соопштението од градот, Зуди Енузи Кока ќе седне на директорското место.

-Тој е дипломиран правник, и докажан менаџер во деловниот свет, кој своите компетенции ќе ги стави во функција на успешно водење на ЈП Комунална Хигиена- Скопје, информираат од градот.

Претходен директор на препртијатието беше Абдусамед Шабани.

Досега Градот Скопје ги промени директорите на „Дрисла“, „Лајка“,  „ЈСП Скопје“, „Улици и патишта“, „Зоолошката градина Скопје“ и „Паркови и зеленило“.

Слични содржини