Kомуникацијата со Бугарија мора да се одржува во „живот“!

од Берта Китинска
175 прегледи

Бугарскиот неуспех да формира нова влада по парламентарните избори, тесно е поврзан со македонската желба за што побрзо продолжување на преговорите за подигање на ветото за ЕУ интеграциите на Македонија.

Откако вчера партијата на Слави Трифонов, „Има таков народ“ се откажа да ја предводи малцинската влада се зголемуваат шансите до крајот на годината во Бугарија да има уште едни парламентарни избори. Според Уставот, може да има уште два обиди за формирање влада од други партии, но според бугарските аналитичарите шансите за успех тие да формраат Влада се многу мали.

Во меѓувреме од македонска страна будно се следи секој чекор во Бугарија околу формирањето на владата бидејќи од тоа ќе зависи и што поскорото формирање на институции, со кои нашите власти ќе можат да ги продолжат преговорите.

„За жал не се охрабрувачки вестите коишто доаѓаат од Бугарија во делот на формирање на институциите, бидејќи како што често нагласувам, очигледно тоа се покажа како важен фактор во изнаоѓање на решение за надминување на разликите, коишто се причина за оваа непринципиелна блокада на нашата европска перспектива“, вели Османи.

Сите надежи биле насочени кон вториот обид на Бугарија да формира стабилна влада и да има инститиции со кои ќе може во политичкиот дел да се комуницира и да се изнајде решение.

„Цело време бев на ставот дека политичка влада не е неопходна, бидејќи политичката одлука беше донесена лани во март и првата одлука во март веќе е донесена и првата меѓувладина конференција требаше да биде само техничко исполнување. Но, тоа очигледно се покажа како неможно. Ситуацијата во Бугарија е таква да одлуката не може да се донесе без политички институции“, вели Османи.

Слични содржини