Епидемиолошката состојба во Белград е катастрофална, изјавил епидемиологот и член на Кризниот штаб на Србија за борба против коронавирусот, Предраг Кон.
Говорејќи во утринската програма на ТВ Прва, Кон рекол дека е неприфатливо мерките да бидат благи, како што е случајот сега, бидејќи состојбата е лоша.
Тој додал дека на состанокот на Кризниот штаб за борба против коронавирусот, што ќе се одржи во четврток, 4 февруари или петок, тој ќе побара затворање на сите кафулиња и ресторани во период од најмалку седум дена.
– Има сериозен период. Ако не работиме строго, ќе имаме експоненцијално зголемување на бројот на заразени лица – навел тој.
Тој соопштил дека зафатеноста на болниците се зголемува и дека дека постојано ќе расте.
Според официјалните податоци на Министерството за здравство, објавени на 2 февруари, во Србија за 24 часа починале уште 16 лица како резултат на заразната болест Ковид-19.
Во истиот период, регистрирани се 4.157 случаи на инфекција со коронавирус кај 16.743 тестирани лица. 168 пациенти се приклучени на апарати за дишење, а хоспитализирани се 4,031 лице.
Кон истакнал дека во моментов се спроведува масовна вакцинација во земјата, а во исто време постои криза околу хоспитализацијата, што ја загрозува вакцинацијата.
Според него, во Србија во моментот се вакцинираат околу милион граѓани, додека околу 530.000 до 550.000 се вакцинирани.