Кон: Не е реално да се планира дочек на Новата Година

од Stefanija Kuzmanovska
776 прегледи

Епидемиологот Предраг Кон вечерва изјави дека не е реално да се планира дочек на Новата Година и да се очекува празникот да помине без мерки за сузбивање на епидемијата на коронавирусот.

Тој за Радио Телевизија Србија (РТС) рече дека утрешниот состанок на Кризниот штаб за сузбивање на епидемијата „нема да промени ништо“ затоа што, како што рече, сите мерки се веќе во сила, тие треба само да се почитуваат, но и строго да се контролираат и санкционираат прекршувањата на тие мерки.

„Мерките веќе постојат, сè зависи од целокупното однесување. Мерките што сега се на сила се на границата со најригорозните, остануваат само вонредната состојба и полицискиот час. Затоа би било најпаметно за сите во своето домаќинство да ги прослават славите и потоа да се подготват за Нова Година и Божиќ за да не мора да бидат контролирани и казнувани никаде“, рече членот на Кризниот штаб.

Тој изјави дека медицинскиот дел од штабот веќе дал предлог кој вклучува ПЦР-тест за влез во Србија и карантин за оние кои влегуваат во земјата и го немаат тој тест.

Слични содржини