Кон: Не може без ригорозни мерки

од Vladimir Zorba
158 прегледи

Предраг Кон, член на Кризниот штаб за сузбивање на епидемијата на коронавирус во Србија, рече дека медицинскиот дел од тоа тело и испратил на премиерката Ана Брнабиќ предлог за „поригорозни“ мерки од оние што се во сила и додаде дека очекува мерките официјално да бидат објавени утре.
Претходно премиерот и министерот за здравство најавија дека новите мерки ќе бидат објавени денес по 15 часот, но тоа не се случи.

Кон рече дека медицинскиот дел од Кризниот штаб на денешната седница „инсистирал на тоа дека не е можно да се напушти состанокот без поригорозни мерки“.

„Затоа продолживме со нашата работа и напишавме предлог што беше доставен до премиерот на Србија и очекувам дека тој официјално ќе биде објавен утре“, изјави епидемиологот за Српската радио-телевизија (РТС)

На прашањето дали е можно Владата на Србија да не го прифати предлогот за нови мерки, Кон рече дека тоа „тешко може да се случи“.

Слични содржини