Епидемиологот и член на Српскиот кризнен штаб, Предраг Кон, изјавил дека сегашната епидемиолошка состојба не е добра, и дека е претежно вонредна, а во деловите каде што нема место за сместување, станува повремено катастрофално.
„Имаме помали бројки отколку што беа, но тоа не значи дека ситуацијата е подобра. Утре министерот ќе одржи состанок со директорите на кавид-болниците, кои ќе бидат префрлени во ковид-системот“, рекол Кон како гостин во емисијата „Четврток во 9“ на РТС.
Кон наведува дека толку долго се зборувало за општите мерки за заштита, но без успех.
„Ситуацијата се влошува, но порастот се случи по сретењските празници. Мал, но стабилен пораст трае од 25 јануари. За првпат јасно беше наведено на 18 февруари дека мора сериозно да ги заостриме мерките“, рекол Кон.
Она што е многу охрабрувачко, вели Кон, е тоа што бројот на пациенти не расте од ден на ден.
„Најважно е да се разбере дека медицинскиот дел од Кризниот штаб побара да биде отворено само за намирници, аптеките и бензиските пумпи, а сè да биде затворено за време на викендот. Никогаш посебно не го потенциравме полицискиот час“, истакнал Кон.