Епидемиологот и член на Кризниот штаб на Србија за борба против епидемијата на коронавирус, Предраг Кон, реагираше остро на сликите и снимките од прослави со голем број на луѓе во Врњачка Бања и Смедерево и повторно апелираше до надлежните државни органи, институции и инспекции за спречување и санкционирање на ваквите прослави, објави „Нова.рс“.

„Снимките што ги добивам за масовните прослави вчера од Смедерево, денес од синоќешната прослава во Врњачка Бања поврзани со истиот естраден уметник, претставуваат целосен бојкот на мерките кои се пропишани како противепидемиски мерки“, напиша Кон на Фејсбук.
Тој посочи дека, гледајќи ги ваквите снимки, сите лекари кои работеле во ковид болниците, а особено инфектолозите, анестезиолозите и пулмолозите, гледаат полнење на болници и пациенти на респиратори, како и дека родителите на децата кои треба да тргнат на училиште чувствуваат страв.