Кон: Шокантно е што некои здравствени работници одбиваат вакцинација

од Stefanija Kuzmanovska
307 прегледи

Српскиот епидемиолог Предраг Кон ги повика граѓаните да се вакцинираат со третата доза од вакцината за коронавирус и дека тоа е препорака, и оцени дека е „шокантно“ што некои здравствени работници ја одбиле вакцинацијата и потпишале петиција против неа.

Кон, кој исто така е член на Кризниот штаб за сузбивање на епидемијата на коронавирус, за телевизијата Пинк изјави дека третата доза од вакцината може да ја прими секој што е вакциниран со втората доза од која било вакцина пред најмалку 180 дена.

„Се препорачува за секого, никој никого не форсира, но има приоритети. Она што е силно препорачано е за оние со ослабен имунитет, за сите постари од 70 години и ако се во колективно сместување за сите постари од 60 години“, рече Кон.

Тој додаде дека без оглед на тоа кои се првите две вакцини против коронавирус, во третата доза, секоја вакцина може да се прими „за што одлучуваат заедно пациентите и избраниот лекар“.

Во врска со одбивањето на медицинскиот персонал да се вакцинира и петицијата што беше иницирана против вакцинација, Кон рече дека „етички е целосно неприфатливо лекарите да не се вакцинираат“ и дека „Кризниот штаб инсистираше тоа да биде задолжително за оваа професија“.

„Секое сомневање за вакцини е удар врз основата на јавното здравје“, рече Кон, додавајќи дека по повод потпишувањето на петицијата против вакцинација, „шокантно е она што се случува“ и дека последиците се „голема штета“.

Тој исто така рече дека досега се вакцинирани само еден процент од децата на возраст од 12 до 17 години и дека „педијатрите и родителите“ ќе одлучат за нивната вакцинација, што се препорачува.

Слични содржини