Конаковиќ: На Вучиќ му се подготвуваат две сценарија, ниту едно не е добро за него

од Vladimir Zorba
288 прегледи

Министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ, во понеделникот изјави дека постојат две можни сценарија за претседателот на Србија, Александар Вучиќ, поради последните настани на северот на Косово, оценувајќи дека ниту едно од нив не е добро за него.

„Постојат две можни сценарија, ниту едното не е добро за Вучиќ“, изјави Конаковиќ за ФТВ.

Тој изјави дека пред убиството на косовскиот полицаец, Вучиќ имал „сериозна дипломатска офанзива и за нијанса подобро стоел во меѓународните кругови“, додека премиерот на Косово, Албин Курти бил критикуван дека не сакал да формира Здружение на српски општини, поради што беше изложен на сериозен притисок од меѓународната заедница.

По убиството на албанскиот полицаец, рече, работите одат во два правци.

„Едниот е дека имало луѓе тесно поврзани со военото раководство на Србија. Еден од организаторите беше член на Српската листа и соработник на Вучиќ (Милан Радоичиќ). „Вучиќ не може да ја негира таа блискост со тие луѓе“, рече Конаковиќ.

Вториот, рече тој, е дека Русија со овој чин му покажала дека управува со дел од структурите во самата Србија и дека во безбедносниот сектор, преку Безбедносно-информативната агенција и некои други, Русите можат да преземат потези за кои Вучиќ „ни за момент не бил свесен, а можеби и не ги очекувал“.

„Немам докази за ниту едно од овие тврдења“, изјави Конаковиќ за ФТВ.

Министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина понатаму изјави дека денеска Босна и Херцеговина има неколку пријатели кои би биле подготвени за секаков вид на интервенција во случај на безбедносна криза.

„Добив ветувања дека, доколку Русија го блокира ЕУФОР во Советот за безбедност на ОН, НАТО ќе биде присутен во БиХ, бидејќи тој аспект на безбедноста е многу важен“, рече Конаковиќ.

Слични содржини