Конашенков: Москва е изненадена од изјавата на Чавушоглу

од Aleksandar Petrovski
172 прегледи

Изјавата на шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу дека Русија во целост не ги исполнила своите обврски и дека Турција ќе ја продолжи воената операција во северисточниот дел на Сирија е изненадувачка, изјави денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков.

Руското Министерство за одбрана е изненадено од изјавата на турскиот министер Чавушоглу за тоа дека Русија наводно не ги исполнила своите обврски, како и за заканите за продолжување на операциите во северниот дел на Сирија. Неговата изјава би можела да ги зголеми тензиите наместо да ги намали, во согласност со заедничкиот меморандум што го потпишаа претседателите на Русија и на Турција, посочи Конашенков.

Чавушоглу вчера изјави дека Анкара ќе покрене нова воена операција во северисточниот дел на Сирија доколку областа „не се исчисти“ од терористи. Тој исто наведе дека САД и Русија не го испочитувале Договорот со кој беше прекината турската операција во Сирија минатиот месец.

Според Договорот, курдските сили требаше да бидат си заминат од североисточна Сирија, која граничи со Турција.

– Ако не добиеме резултат, ќе го направиме она што е неопходно, наведе Чавушоглу.

Слични содржини