Кондов: С. Македонија ќе се интегрира во ЕУ кога ќе ги исполни своите обврски, меѓу кои и промена на Уставот

од Nikola Popovski
534 прегледи

Побрза интеграција на Северна Македонија во ЕУ може да се случи кога земјата ќе ги исполни сите обврски, вклучително и промената на Уставот и ќе ги почитува човековите права, изјавил синоќа вршителот на должноста министер за надворешни работи на Бугарија, Иван Кондов по состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ, на кој учествуваше и шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи.

На средбата дел од европските министри за надворешни работи инсистирале на забрзување на процесот на пристапување на земјите од Западен Балкан во ЕУ. Според шефот на бугарската дипломатија, за да се случи тоа, како што вели, Скопје мора прво да ги исполни преземените обврски.

Како што пренесува „БНТ“, Кондов разговарал со Османи и двајцата дискутирале за изјавата на премиерот Димитар Ковачевски, кој од Рејкјавик пред неколку дена истакна дека дискурсот на Бугарија кон Македонија е сличен на оној што Русија го користи кон Украина.

-Разговаравме многу кратко. Разговаравме за прашањата што не интересираат. Тој се обиде да објасни дека де факто говорот на премиерот е поврзан со конкретни политичари, а не, во принцип, со политиката на Бугарија, но јас го прашав зошто во оваа ситуација се споменува Бугарија, а не конкретниот политичар, рекол Кондов, пренесува бугарскиот медиум.

Слични содржини