Кондов: Забраната за влез на Ковачев во Македонија го попречува враќањето на довербата и негативно влијае на дијалогот

од Nikola Popovski
246 прегледи

Очекуваме земја која е кандидат за членство во Европската Унија ефективно да ги заштити сите свои граѓани. Наместо тоа, сведоци сме на обиди да се замолчи гласот на македонските Бугари, со кревање неосновани обвинувања против нив, со притисоци со тужби, со нивно демонизирање во медиумите и особено на социјалните мрежи, изјавил новиот вршител на должноста бугарски министер за надворешни работи, Иван Кондов, објави „БТА“.

Неговата изјава се однесува на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, претседателот на фондацијата „Бугарска меморија“ Милен Врабевски и уште тројца бугарски државјани, на кои во саботата на 6-ти мај им беше забранет влез во земјава, поради неисполнување на условот за странци.

Според Кондов, посетата на бугарските државјани на воените гробишта во струмичко Ново Село била традиционална и досега немало никакви проблеми и не предизвикало никаква полемика.

-Во известувањата доставени до бугарските државјани од граничните органи на РСМ, експлицитно е наведено дека во граничниот систем на нашата соседна држава се наоѓаат на забранета листа, посочил Кондов.

Порачува дека Бугарското МНР е во процес на информирање на сите нивни партнери за овој невиден чин, за кој како што вели, не се совпаѓа со декларираната намера на Скопје за добрососедски односи и исполнување на преземените обврски. Според него, официјални писма ќе бидат испратени до институциите во ЕУ.

-Практиката на Скопје е да не информира нас и нашите партнери од ЕУ на начин што отстапува од реалноста, или барем пораките што ги испраќа за внатрешно-политички цели. Тоа го попречува враќањето на нашата доверба и негативно влијае на нашиот дијалог, посочи министерот Кондов.

Слични содржини