Кондовски ако е на местото на Заев: „Не би ја прифатил оставката на Филипче“

од Берта Китинска
680 прегледи

Христо Кондовски кандидат за градоначалник на Битола во емисијата „Топ тема“ на Телма телевизија на прашањето од противкандидатот од ВМРО, Коњановски дали би ја прифатил оставката на Филипче доколку би бил на местот на Заев, Кондовски одговори:Филипче е личност која покажа одлични менаџерски спосбности во текот на пандемијата, вие како епидемиолог добро тоа го знаете.Не сум ни на премиерот местото, ниту премиерот Зоран Заев. Еден ден можеби ќе сакам да бидам. Но, не сум ни на местото на министерот Венко Филипче, да оставиме да ја решат ситуацијата онака како што ќе ја решат или како што ја решаваат. А, граѓаните да испорачаат резултат за таа работа.Не знам, првин треба да се открие дали има некаков мотив и проблем во Венко Филипче или нема. Јас мислам дека нема и не би ја прифатил“, рече Кондовски.

Слични содржини