Во Битола ќе отвориме поголеми можности за кариера за младите образовани луѓе, вели во своето видео обраќање Христо Кондовски, кандидат за градоначалник на СДСМ за Битола.
-Многу сум задоволен што за проектот кој предвидува отворање на Технолошки парк во Битола, денеска слушнав бројни позитивни реакции, покрај другите и од Ректорот на УКЛО, Проф.д-р Сашо Коруновски, Претседателот на Сенатот на УКЛО, проф. д-р Пеце Николовски и проректорот за наука Проф. д-р Игор Неделковски, како и повеќе други универзитетски професори.Јас се образував на битолскиот универзитет и знам дека истиот има огромен капацитет да вложи енергија, знаење и искуство за да ја поддржи реализацијата на оваа идеја!, вели Кондовски.