Сигурно дома имате некое зафрлено пакување чај кое е отворено можеби пред неколку години и сте заборавиле на него. Еден ден го наоѓате и се прашувате дали може да е расипан чајот?
На пакувањето сигурно има рок на траење, но она што ве мачи е дали е добар за да го подготвите за себе или за домашните.
Всушност, тоа е и сосема очекувано, бидејќи под влијанието на надворешните фактори, се менува и структурата и составот на билките. Најдобро е да го чувате на суво и мрачно место, бидејќи влагата може да создаде подлога за мувла и расипување.
Ако не сте сигурни во квалитетот на чајот, подобро е воопшто да не го пиете и да купите нов, а стариот да го фрлите.