Конечна одлука: Бритни Спирс не се враќа во музичката индустрија

од Stefanija Kuzmanovska
274 прегледи

Пејачката Бритни Спирс на Инстаграм ги демантираше неодамнешните медиумски написи дека снима нов албум, нагласувајќи дека никогаш нема да се врати во музичката индустрија.

„Само да бидам јасна, повеќето вести не се вистинити. Постојано пишуваат дека правам нов албум… Никогаш нема да се вратам во музичката индустрија“, истакнала таа.

Навела дека пишува песни за други и напишала неколку од нив во последните две години.

„Кога пишувам, пишувам за забава или пишувам за други луѓе. За оние кои ја прочитале мојата книга, има многу што не знаете за мене. Напишав над 20 песни за други луѓе во последните две години. Јас сум ghostwriter и навистина уживам во тоа“, вели Бритни.

Таа се осврна и на неодамнешните написи за нејзината книга.

„Луѓето велат и дека мојата книга е издадена незаконски, без моја дозвола, што е далеку од вистината. Дали ги прочитавте вестите овие денови? Јас сум сакана и благословена“, додаде таа.

Слични содржини