КОНЕЧНО: Битката меѓу Меган и „Мејл он Сандеј“ заврши со победа на војвотката

од Vladimir Zorba

Британскиот суд ги отфрли приговорите на таблоидот „Мејл он сандеј“ против претходната одлука дека ја нарушил приватноста на сопругата на принцот Хари – Меган Маркл, со печатење извадоци од писмото што таа му го напишала на нејзиниот татко, пренесоа светските агенции.

Војвотката од Сасекс по судската одлука изјави дека нејзината победа е за сите оние кои се плашеле да одбранат нешто што мислат дека е правилно. Таа додаде дека е време да се промени новинската индустрија.

Поранешната актерка го испратила писмото до нејзиниот татко во август 2018 година, три месеци по нејзината венчавка со најмладиот син на Лејди Ди.

Одбивањето на жалбата ја спасува потребата таа да се појави на судење на кое би сведочел и нејзиниот татко, со кој таа е во лоши односи.

Адвокатот на таблоидот пред неколку месеци изјави дека Меган го напишала писмото знаејќи дека може да се печати. Таа ја отфрли оваа претпоставка. Сепак, на судското рочиште минатиот месец, правниот тим на медиумот издаде изјава од нејзиниот поранешен секретар за печат, Џејсон Науф, дека таа и Хари разговарале за соработка со авторите на нивната биографија – нешто што бринетата претходно го негираше.

Меган се извини, но рече дека не го довела намерно судот во заблуда.

Слични содржини