Конечно се вери: Тревис ја запроси Кортни во Лас Вегас

од Nikola Popovski

Ријалити ѕвездата Кортни Кардашијан била запросена од момчето Тревис Бејкер за време на романтичен викенд што го поминале во Лас Вегас, тврдат нејзините пријатели за „The Sun“.

По седуммесечната љубовна врска, тапанарот „падна на колена“ и ја запроси Кортни. Како што понатаму се наведува, парот планира и гламурозна венчавка на крајот на годината.

„Мислам дека Тревис дека испланира да го помине остатокот од својот живот со неа“, изјави извор близок до најстарата сестра на Кардашијан, додавајќи:

„Тие сакаат да започнат свое семејство заедно – тоа е поголема работа за нив, бидејќи и двајцата имаат деца, но сакаат да здружат две семејства“

Ќерката на Тревис, Алабама, испратила порака со честитка до нејзиниот татко, додавајќи дека таа е „толку среќна“ за двајцата, додека сестрата на Кортни, Клои испратила огромен букет цвеќе.

Кортни не беше во брак со поранешното момче Скот Дисик и постојано го одбиваше неговото барање да ја круниса нивната љубов со брак, но со Тревис е сосема поинаку.

„Таа не сака свадба како нејзините сестри, туку само убава, интимна прослава за создавање ново семејство“, изјавил изворот.

 

Слични содржини