326
„Имаме собрано две третини од делегатите што требаат да гласаат. Јас сум сигурен дека овој конгрес ќе биде успешен затоа што огромен е интересот, пред се за да се промена состојбите во нашата партија. Сите се свесни во каква лоша ситуација сме“, вели поранешниот градоначалник на Аеродром и член на Иницијативниот одбор за промени во ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски за емисијата „Утрински брифинг“.
Тој посочи дека тие имаат желба и самиот лидер на партијата, Христијан Мицкоски да присуствува на вонредниот конгрес и дека може да се смени статутот на партијата, за да дадат можат понатаму да гласа целокупното членство.
„Сигурен сум дека доколку дојде до промена на Мицкоски, актуелните пратеници ќе го поддржат новото раководство“, потенцира Коневски.