Коневски: Ќе се гради нова гимназија во Аеродром

од desk2
75 прегледи

Кандидатот за градоначалник на Аеродром Ивица Коневски денес најави изградба на нова гимназија во општината, како дел од предизборните ветувања што ќе се оствари ако тој остане на оваа функција.

„Во една голема и модерна општина каква што е Аеродром гимназија е речиси неопходна. Со неа ќе се подобри достапноста на учениците до училиштата и ќе се зголеми квалитетот на воспитно-образовниот процес.

Соработката со Градот Скопје и со градоначалникот Коце Трајановски е одлична веќе 8 години и дава видливи резултати. Очекувам оваа соработка да продолжи и понатаму во интерес на жителите на општината“, објави Коневски.