Конференција „Транспарентноста на Собранието – предизвици за новиот парламентарен состав“

од Aleksandar Petrovski
358 прегледи

Граѓанската асоцијација „Мост“ денеска во Собранието организира конференција на тема „Транспарентноста на Собранието – предизвици за новиот парламентарен состав“ во рамки на проектот „Индекс на одговорност, транспарентност и продуктивност на Собранието“, поддржан од британска Амбасада.

На конференцијата, како што информираат од „Мост“, ќе се дискутира за транспарентноста на работата на Собранието и комисиите, евентуалните подобрувања или влошувања и да се дадат препораки за надминување на воочените предизвици од страна на следниот парламентарен состав.

Ќе се презентираат искуства од Парламентот на Велика Британија и резултатите од годишниот извештај во рамки на проектот.

Од Граѓанската асоцијација посочија дека на отворањето на конференцијата ќе се обратат претседателот на Собранието, Талат Џафери и заменик-амбасадорот на Велика Британија во државава, Доминик Отвеј. На конференцијата ќе присуствуваат пратеници, како и претставници на институциите, граѓанскиот сектор и меѓународната заедница.

Слични содржини