Конференција за системски решенија за ретки болести

од desk4
219 прегледи

Прва Еуроплан конференција во Македонија на тема „Системски решенија за ретки болести“, ќе се одржи денеска во Скопје.

На конференцијата, информираат организаторите, ќе се споделат добри примери и искуства во областа на ретки болести од Европа и регионот, како поттик за дискусии и идентификување на можности за унапредување на состојбата во Македонија.