Конфискуваниот имот на Мијалков оди на аукција на берза

од Nikola Popovski
254 прегледи

Акциите запленети од предметот „Империја“ што се во сопственост на поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков, во наредните пет дена ќе бидат ставени на аукција.

Акциите денеска ќе бидат ставени за тргување на Македонската берза за хартии од вредност по принципот „се или ништо“.

Тоа значи акциите во „ТТК“ банка, Тутунски Комнибат „Прилеп“, „Акцелор Митал“, Стопанска Банка Битола, „Попова Кула“, „Халк Банка“, Југотур и РЖ Услуги ќе се продаваат во пакет. Нив сегашен сопственик е Агенцијата за конфискуван имот.

Речиси една година помина откако поранешниот прв разузнавач Сашо Мијалков и бизнисменот Јордан Камчев признаа вина за предметот Империја каде беа обвинети злосторничко здружување и перење пари. Помина една година откако се спогодија, а имотот кој државата им го конфискуваше сѐ уште не е продаден. Законот и дава можност на Владата становите и парцелите на Мијалков да бидат дадени за користење на одредена институција без надомест, но рокот за таква одлука е еден месец по известувањето и тој е истечен.

Според законот, откако Владата ќе донесе одлука за продажба, Агенцијата носи заклучок за условите, начинот и времето на продажбата на становите и парцелите. Продажбата на одземената недвижност се врши со усно јавно наддавање. Усното јавно наддавање за продажба го спроведува комисија формирана од директорот на Агенцијата.

На списокот од 33 имотни листови чија вкупна вредност е 15 милиони евра, а во кои е впишана сопственоста на име на Агенција за конфискација на имот е и шумата во Горно Курилово на Водно од 650 метри квадратни и веднаш до неа градежна парцела од речиси 4 илјади метри квадратни.

Слични содржини