Директорот на М-НАВ, Фахрудин Хамиди вели дека е спремен веднаш да си даде оставка, односно во секој момент, но поради тоа што истакна, дека позади него стојат многу позитивни работи, денес да си замине од функцијата, ќе испадне лошо. Не гледа проблем во одлуката на Владата да го разреши.
Во однос на вчерашниот упад во редарската соба и нападот на дел од вработените во Контролата на летање, Хамиди истакна дека се случил немил настан и тоа не смеело да се случи, но според него, тоа е конфликт меѓу двајца колеги кои се познаваат 20 години, заедно биле на школување и обука.
-Има набој на енергија. Лична конфротација. Лицата се вработени во М-НАВ и тоа е се што можам да кажам. Има камери и тоа ќе се утврди. Поради фактот дека повисоките органи се занимаваат со истрагата, во интерес на истрагата, не сакам да навлегувам понатаму, додаде директорот на М-НАВ пред медиумите.