Конгресмен од Њујорк со официјално барање до Бајден да го пушти Ѓоковиќ на УС Опен

од Vladimir Zorba

Американската конгресменка Клаудија Тени на социјалните мрежи го објави официјалното писмо што го испратила до претседателската администрација на Џо Бајден со апел да му се дозволи на Новак Ѓоковиќ да учествува на УС Опен.

Како што знаете, САД во моментов бараат сите странци кои влегуваат во земјата да се вакцинирани против коронавирус. Српскиот тенисер нема медицинска заштита од инфекцијата и затоа му треба посебен исклучок од претседателот за да стапне во Њујорк.

Конгресменката Тени е член на Претставничкиот дом од државата Њујорк, па нејзиното официјално барање да му помогне на Ѓоковиќ може да се смета за сериозна поддршка.

„Време е да го пуштиме Новак да игра! Денес, ја повикувам администрацијата на Бајден да направи посебен исклучок во интерес на нацијата за да може познатата светска тениска ѕвезда Новак Ѓоковиќ и секој друг странски спортист да се натпреваруваат на УС Опен. Бајден треба целосно да го укине ова лудо правило. Правилото на Бајден поврзано со меѓународните патувања не е поддржано од науката и е создадено за политичка контрола, а не за јавно здравје“, напиша Клаудија Тени на Твитер.

И други политичари од опозициската Републиканска партија го повикуваат претседателот да го пушти Ѓоковиќ да влезе во земјата, а најлути во нивните изјави на оваа тема се од традиционално „црвената“ држава Тексас.

„Новак Ѓоковиќ ги надмина војната и гладот ​​за да стане еден од најдобрите тенисери во светот, ако не и најдобар. Администрацијата на Бајден се однесува ладно, бездушно, злонамерно и спротивно на науката“, коментираше конгресменот од Тексас, Луи Гомерт за десничарската веб-страница The Daily Caller.

Слични содржини