Конгресмени ја обвинија Русија за обид да влијае врз изборите во САД

од Vladimir Zorba
95 прегледи

 

Истакнати претставници на Демократската партија, членови на комисиите за разузнавање во Сенатот и Претставничкиот дом на САД, ја обвинија синоќа Русија дека се обидува преку хакерски напади да влијае врз резултатите од американските претседателски избори, што ќе се одржат на 8 ноември.moskva

Во заедничка изјава сенаторот Дајан Фејнстин и конгресменот Адам Шиф го повикаа рускиот претседател Владимир Путин да нареди прекин на кибер нападите.

– Врз основа на информацијата која ја имаме, заклучивме дека руските разузнавачки служби прават сериозни напори да влијаат врз изборите во САД, се наведува во заедничката изјава.

Претходно, некои претставници од Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама изјавуваа дека, според нив, Русија или лица поврзани со неа се одговорни за хакерските напади врз органи на политички партии во САД, но Белата куќа досега официјално не ја обвини Москва за такви дела.