Конгресот на САД усвои резолуција за испраќање оружје во Украина

од Vladimir Zorba
140 прегледи

Палатата на претставниците во американскиот Конгрес усвои резолуција со препорака до претседателот Обама да одобри испорака на оружје за Украина, јави Асошиејтед прес.За  оваа одлука гласале 348 пратеници, против биле само 48.

20150324.cbnnhhmoko

Во резолуцијата се содржи повик до претседателот “употреби ги  дадените од конгресот овластувања за обезбедување на на Украина со  смртоносно одбранбено оружје. Според авторите на документот, таков чекор ќе им овозможи “да се зголемат можностите на украинскиот народ да го  заштити суверенитетот”.

Во резолуцијата се вели дека “независна, демократска и просперитетна Украина  ги задоволува националните интереси на САД”. “Ако ние дозволиме агресија во однос на Украина и останеме настрана, без да им обезбедиме на Украинците барем можност да се бранат, тогаш со тоа ќе дадеме сигнал на светската заедница дека нашата подготвеност да  го одржуваме формираниот светски поредок по Втората светска војна е намалена”- изјави еден од авторите на резолуцијата републиканецот Ед Ројс. Неговиот коавтор демократот Елиот Енжл изјавил дека “народот на Украина не се потпираа на американските војници , туку едноставно сакаат оружје, со што сакаат да се бранат “