Конгресот побара од Помпео да сведочи за убиството на Сулејмани

од Aleksandar Petrovski
210 прегледи

Одборот за надворешни работи на Претставничкиот дом на Конгресот на САД испрати обврзувачки повик до државниот секретар Мајк Помпео за сослушување за наредбата на претседателот Доналд Трамп во Ирак да се убие висок ирански генерал.

Јавното сослушување на Помпео е закажано на 29 јануари.

– Оценувам дека Вашето сведочење е исклучително важно и подготвен сум да ги искористам сите легални средства за да го обезбедам Вашето присуство, се наведува во писмото на претседавачот со Одборот, демократот Елиот Енгел испратено до Помпео.

Одборот, каде демократите имаат мнозинство, соопшти дека Помпео е повикан да сведочи откако поголем број членови на Конгресот, вклучително и републиканците бараа повеќе информации за убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани во Багдад.

Тоа е вторпат Помпео да се биде повикан да сведочи пред Одборот. Првото сослушување беше закажано на 14 јануари, но Помпео не се појави.

Слични содржини