Кони и Пикси се уште трагаат: Ова се двете армиски кучиња кои спасија дете во Турција (ФОТО)

од Nikola Popovski
191 прегледи

Армијата информира дека активно продолжуваат во потрагата по преживеани под урнатините во Турција.

-Инструкторите, Борче со лабрадорот Кони и Сашо со белгискиот овчар Пикси се во неуморно пребарување низ урнатините на Караманмараш, со надеж за пронаоѓање и спасување на човечки животи. Армиските четвороножни херои со нивните инструктори од Центарот за одгледување и обука на кучиња беа во состав на екипата кои пронајдоа и спасија еден детски живот. Остануваме со верба и бескрајна надеж за што повеќе вакви спасувања, велат од АРМ.

Во текот на денот министерката за одбрана, Славјанка Петровска информираше дека пратката од 5.000 ќебиња и 200 санитетски носилки за прва помош ќе биде доставена до градот Батман во југоисточниот дел на Турција, кој беше погоден од катастрофалниот земјотрес.

Слични содржини