Кони Нилсен избра убава црвена наметка за време на промоцијата на новиот филм со нејзино учество “Wonder Woman” (Жената чудо).
За време на неговото претставување во Њујорк 51-годишната данска актерка ги натера гледачите да останат без здив, бидејќи случајно или не, здолништето ѝ се крена и се отвори изненадувачка глетка.
Нилсен се покажа дека не користи долна облека под фустанот, со исечен еден ракав и асиметрична должина. Сепак Кони изгледаше целосно опуштено, и покрај инцидентот, пишува Daily Mail.
Актерката продолжуваше самоуверено да се покажува пред камерите, додека зад нејзиниот грб, фотографите ѝ ги снимаа голите нејзини задни делови.
Актерката беше избрала и високи црни чизми од велур, за да ја издолжат фината нејзина фигура. Во филмот участвува и Крис Пејн, а режисер е Пети Џенкинс ( “Чудовиште”).

Фото: Daily Mail
Европската премиера на филмот беше откажана поради терористичкиот напад во Манчестер. Инаку екипата требаше да помине по црвениот тепих во Лондон, но Warner Bros го откажа настанот и така ја изрази својата почит кон жртвите за време на концертот на Ариана Гранде.
Наместо тоа американската премиера се одржа во Лос Анџелес во четвртокот вечер.Филмот е базиран на стрип и ја раскажува приказната за жена – суперхерој пред да го открие целосниот степен на силите. Кони ја игра мајката на главната хероина. Премиерата на филмот е 1 јуни.