По завршувањето на мандатот на Јован Илиевски, судија претставник на Македонија во Европскиот суд за човекови права, на распишаниот конкурс за негов наследник се пријавиле 21 кандидат, меѓу кои судии, адвокати и обвинители. Попознати имиња се обвинителката Ленче Ристоска и судијката Оља Ристова.
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека Меѓуресорската комисија, формирана од Владата, ќе ги разгледа апликациите, ќе ги интервјуира кандидатите и ќе предложи тројца кандидати до Советодавниот панел на експерти при Советот на Европа.
Конечната одлука ќе ја донесе ова тело, а мандатот на новиот судија ќе започне на почетокот на 2026 година. Процесот на селекција ќе се спроведе во согласност со утврдените критериуми, со цел обезбедување транспарентност и објективност.