Конор Мекгрегор во нови проблеми: Сексуално нападнал жена за време на НБА финалето?

од Vladimir Zorba
339 прегледи

Ѕвездата на УФЦ и поранешен шампион Конор Мекгрегор ја имаше последната борба во кариерата пред две години. Дастин Поаре го нокаутираше, а Мекгрегор се повлече по тој меч. Тој повеќе не е во октагонот, но контроверзниот Ирец прави бум каде и да се појави. Човек кој сака внимание и често предизвикува скандали.

Пред неколку дена тој беше гостин на Мајами Хит на натпреварот од финалето на НБА против Денвер Нагетс. За време на тајм-аут, организаторите го поканија на подот каде што требаше да има боксерски меч со маскотата на Мајами. Секако, сè беше приредено како шоу за публиката, но Мекгрегор го сфати премногу сериозно и го нокаутира несреќниот Барни. Човекот под маска е пренесен во болница на тестови по натпреварот.

Реакцијата на поранешната ѕвезда на УФЦ шокираше многумина, а тоа не беше се од испадот на скандалозниот Ирец таа вечер. Според Дејли Мејл, Мекгрегор насилно нападнал жена за време на натпреварот во машкиот тоалет Кејси Центарот.

Како што напишала неименуваната девојка во писмото што го испратила до судот, двајцата се сретнале во салата за време на мечот, а набргу потоа нејзиното обезбедување наводно ја однело во тоалетот каде ја чекал Ирецот. Како што пишува споменатиот портал, Мекгрегор наводно се обидел да ја принуди на орален секс, насилно ја бакнал и сакал сексуално да ја нападне.

Од таборот на Мекгрегор ги отфрлија обвинувањата, но се чини дека контроверзниот ММА борец повторно ќе мора да оди на суд. Тој е во долгогодишна врска со својата свршеница Ди Девлин, со која го очекува четвртото дете, но таквите случки не му се непознати. Неколку пати имаше проблеми со законот…

Слични содржини