Многу е важно што поскоро да се создадат предуслови за обновување на дијалогот меѓу Белград и Приштина и спроведување на договорите од Брисел во 2013 година, како и договорите од Брисел и Охрид оваа година, што секако вклучува и создавање на Заедницата на општините со српско мнозинство, рече германскиот амбасадор во Србија, Анке Конрад.
Таа во интервју за денешен „Блиц“ изјави дека тука е и спроведување на деескалација како и расветлување на настаните од 24 септември во Бањска.
„Сегашната ситуација не е одржлива за луѓето на северот на Косово, како и за луѓето во Србија и Косово воопшто“, рече Конрад.