Поразот од Болоња во финалето на Купот на Италија беше само сол на раната на многу лошата сезона на Милан, а Серхио Консеисао ќе си ги пакува куферите.
Не поминаа ни шест месеци од неговото доаѓање на клупата на Милан, а Португалецот веќе ќе мора да бара нова работа. Тој го замени својот сонародник на клупата на познатиот италијански клуб. Жоао Фонсека не се претстави добро, па беше заменет, а ни вториот Португалец не се снајде добро.
Сега е јасно – по поразот во финалето на Купот, кој беше единствениот спас во сезоната, Консеисао ќе го напушти Милан.
За таков епилог се зборуваше уште пред овој натпревар, меѓутоа, сега е многу јасно дека понатамошна соработка нема да се случи. Милан е три бода зад позицијата која води пласман во Европа, но остануваат само две кола и не се прашуваат премногу. Значи, клуб кој играше во Лигата на шампионите оваа сезона би можел целосно да биде изоставен од европските натпреварувања следната сезона.
Консеисао сепак успеа да го освои Суперкупот на Италија со „росонерите“.
Уште еден Португалец оди со него. Жоао Феликс повторно разочара со своите настапи, овој пат во дресот на Милан, па ќе се врати во Челси откако ќе заврши неговата позајмица. Се чини дека не може да го пронајде ритамот и играта што го красеа уште од деновите во Бенфика.
И трет Португалец може да ја види излезната врата од „Сан Сиро“. Се работи за Рафаел Леао, кој игра неконзистентно оваа сезона, а има и доста понуди за него.