Тренерот на Милан, Серхио Консеиао беше задоволен од победата над Интер со 3:0 во реванш полуфиналниот натпревар од Купот на Италија и пласманот на „росонерите“ во финалето.
„Важни се малите детали – ми се допадна ставот и сплотеноста на тимот во одбраната и нападот“, започна Консеикао.
„Малку се мачевме во првите неколку минути, но на крајот постигнавме гол. Подобривме некои работи на полувремето, а потоа имавме навистина високо ниво во вториот дел. Тимот има квалитет, но и понизност и желба за победа на секој натпревар“, изјави Консеикао.
„Јовиќ работи навистина добро во последните три-четири недели, исто така малку намали тежина. Ни носи нешто што го посакувавме за овој натпревар. Не е инфериорен во однос на централните дефанзивци, сакавме да го имаме тоа“, објасни тренерот на Милан.
„Јас сум љубител на овој спорт. Страдам повеќе од другите. Дури и го носам фудбалот дома, па и мојата сопруга ќе биде задоволна од овој резултат. Нозете ни се на земја, сè уште ништо не сме освоиле. Треба да играме финале и да направиме разлика на крајот од првенството за да помогнеме во нашиот имиџ. Имаме повеќе квалитет од она што го покажавме“, додаде Консеиао.