Тренерот на Милан, Серхио Консеиао, уште пред мечот со Парма бил бесен на дел од играчите на тимот, а ова е дел од причината за немилите сцени по натпреварот, пишува „Газета дело Спорт“.
„Росонерите“ во неделата попладне постигнаа спектакуларна, но и доста нервозна победа од 3:2 по два гола во продолженијата, а по мечот Португалецот беше вклучен во непријатни сцени со поранешниот капитен на тимот, Давиде Калабрија.
Други играчи и луѓе од централата на Милан мораа да застанат меѓу нив за да спречат физичка пресметка.
Сега „Газета“ открива дека токму Калабрија, заедно со Тео Хернандез, Рубен Лофтус-Чик и Франческо Камарада, присуствувале на концертот на италијанскиот рапер Лаца. Консеисао дознал за посетата на музичкиот настан и воопшто не бил задоволен.
И тренерот и поранешниот капитен на тимот изразија мислење дека тоа се нормални работи во фудбалот, особено во ситуација со толку висок адреналин, но двајцата расчистиле се во разговор по мечот. „Газета дело спорт“ додава дека во гаснењето на конфликтот учествувал и Златан Ибрахимовиќ, кој ја зазел позицијата на посредник.