Консеисао: Личноста што ја навреди Артета повеќе не е жива

од Vladimir Zorba
268 прегледи

После се што видовме вчера во Лондон, можеби беше логично да зоврие жешката латинска крв на двајца млади тренери, некогаш врвни фудбалери.

Но, според тврдењата на едниот, другиот ја преминал границата во сето ова.

Серхио Консеисао не дојде да му честита на Микел Артета за пласманот во четвртфиналето по драматичното изведување пенали на „Емирати“, туку да го извести дека личноста што ја навредувал за време на натпреварот повеќе не е жива.

„Микел Артета во еден момент од натпреварот се сврте кон нашата клупа и почна да го навредува моето семејство на шпански. На крајот отидов да му кажам дека личноста што ја навредува веќе не е со нас“, изјави видно вознемирениот тренер на Порто на новинарите од Островот.

„Подобро би било да се грижи за тоа како го води својот тим, кој има квалитет да игра многу подобро“, додаде гордиот татко на пет сина, од кои два – Родриго и Франциско – играат за него во првиот тим.

Консеисао, кој е осум години постар од колегата од клупата на Арсенал, не кажа кој е починатиот, но португалските медиуми посочија дека Шпанецот ја навредувал неговата мајка.

По 210 минути интензивен и на моменти валкан фудбал, што доведе до тоа Консеисао да заврши на земја по сударот со Каи Хаверц, резултатот остана 1:1, па прашањето за четвртфиналистите беше решено по пенали.

Слични содржини